
информации: +389 71 341 525
дежурен тел: +389 76 440 780
Овие Услови го уредуваат пристапот и користењето на веб-системот за електронско плаќање сметки/фактури на ТЕХНО ХИГИЕНА ДООЕЛ Струмица.
Овој систем овозможува брзо и безбедно електронско плаќање на доставени сметки, фактури или месечни надоместоци за услугите: чистење, тековно одржување, хигиена и управување со станбени и деловни објекти, извршени од страна на ТЕХНО ХИГИЕНА ДООЕЛ Струмица.
Корисникот е должен при плаќањето да внесе точни податоци за идентификација: повик на број на фактура. Компанијата не сноси одговорност доколку корисникот внесе погрешен број на сметка/фактура и со тоа затвори туѓ долг.
Плаќањето се извршува со дебитни или кредитни картички (Visa, Mastercard) преку безбедниот систем на ПроКредит Банка. Уплатата е реализирана во моментот кога банката ќе ја одобри трансакцијата. Доколку трансакцијата е одбиена, сметката се смета за неплатена.